Вообичаени грешки кои се прават со кондомите

Избегнете ги овие вообичаени грешки, идентификувани од страна на една студија на универзитетот во Индијана.

1. Го користите погрешниот вид. Зборови како иновација или за забава значи дека не е одобрно од ФДА. Латексот е најдобар, или полиуретан ако сте алергични.

2. Користите погрешно средство за подмачкување. Маслата и вазелинот можат да го оштетат латексот, па користете кондоми со подмачкување кое е базирано на вода. Зборот масло на етикетата значи дека не е безбедно за латексот.

3. Не го проверувате. Проверете ја датата на истекување. И не користете избледен, искинат или кршлив кондом.

Untitled-98-650x325

4. Му дозволувате тој да го стави. Жените често претпоставуваат дека момчето ќе се погрижи за тоа, и не обрнуваат внимание како го прави тоа. Земете ги работите во свои раце.

5. Прво го одвиткувате. Тоа може да предизвика оштетување. Штипнете го врвот за да оставите простор за спермата, но да не остане воздух. Потоа тркалајте го надолу, нежно стискајќи ги меурчињата воздух.

6. Го ставил предоцна. Тој мора да го носи кондомот цело време- дури и пред пенетрација- за да бидете и двајцата заштитени.

7. Останува на него предолго. Извадете го веднаш по ејакулација, додека е уште во ерекција- држете го дното додека го вадите за да спречите излеавње на спермата.

8. Го реупотребувате. Не се обидувајте повторно да го користите истиот кондом- би можеле да размените непосакувани течности.