Вооружен грабеж на бензинска пумпа во Куманово

Доцна синоќа се случил вооружен грабеж на бензинска пумпа во Куманово. Грабежот, како што информираат од МВР, се случил синоќа во 00,25 часот на бензинската пумпа „Китка Петрол“ лоцирана на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во населбата Карпош.

Две машки лица маскирани со фантомки на глава, ракавици и пиштоли во рацете, влегле во бензинската пумпа.

Вооружен грабеж на бензинска пумпа во Куманово
Вооружен грабеж на бензинска пумпа во Куманово

Едното од двете лица му вперило пиштол во глава на вработениот и потоа два пати го удрило со пиштол во предел на главата, му ги одзело  парите од дневниот пазар, а потоа и парите од фиоката (околу 7.000 денари).

Другото лице влегло во канцеларија кај втората вработена и со закана и барало пари.

Сторителите одзеле повеќе кутии со  разновидни цигари  и  лименки со пијалоци, по што побегнале во непознат правец.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата учесници во вооружен грабеж.