Вооружен грабеж во казино во Гостивар

Во Гостивар на улица „ЈНА“ поточно во казино „Сенатор“, утрово околу 03,20 часот е извршен грабеж од страна на непознато лице маскирано и вооружено со пиштол.

МВР денеска соопшти дека е извршено  разбојништво над една вработена при што со закана и одзел сума на пари од околу 50.000 денари по што го напуштил местото на настанот.

Се работи на целосно расчистување на случајот.