Македонија

Вооружен крадец украл 79.000 денари од „Спорт Лајф“

Вооружен крадец украл 79.000 денари од „Спорт Лајф“

Вчеравечер околу 21,30 часот во ЕИК-Скопје, В.Н. пријавила дека во спортската обложувалница „Спорт Лајф“ што се наоѓа во ТЦ „Скопјанка“ на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, маскиран непознат сторител вооружен со огнено оружје одзел 79.000 денари од дневниот промет и го напуштил лице местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.