Вооружен напад во Бодрум, загина едно лице

Маскиран маж денеска извршил напад во Бодрум отворејќи оган во хотел во близина на летувалиште. При нападот убиено е едно лице, а двајца се повредени.

Нападот во Бодрум се случил додека граѓаните се одмарале во градината во еден хотел во реонот Датча, на југозападот на Турција.

Се уште нема информации дали се работи за терористички напад, а полицијата трага по напаѓачот.

Изминатиов период неколку напади во Турција.

Терористите уништија гасовод

Група терористи вчера изврши нов напад во Турција – уништен беше дел од гасовод во турскиот округ Агра кој се наоѓа на околу 15 километри од границата со Иран.

Предивикан бил голем пожар кој навреме е изгаснат. Преносот на гас низ системот е прекинат, се додава во извештаи на медиумите во Турција.

 

Предупредување за нови напади

Турското Министерство за правда испратило писма до сите судски институции во земјата во кое ги предупредува за опасност од нови терористички напади во Турција.

Наводно, предупредувањето следи по разузнавачка информација, според која е можно судовите да бидат следна мета на нови напади во Турција од страна на „сепаратистичка терористичка организација“.

Воедно Министерството за правда минатата недела ги предупредило магистратите и за потенцијална опасност од киднапирање на државни службеници.

Уапсени 1.050 милитанти во Турција

Турските безбедносни сили во петокот при спроведување на акција уапсија 1.050 милитанти, меѓу кои и припадници на ИД, Курдската работничка партија (ПКК) и ултра левата партија DHKP-C.

Меѓу уапсените милитанти во Турција има и 50 до 60 странски државјани, изјавил турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

 

Американски претставници соопштија дека Турција и САД ќе формираат зона независна од Исламска држава во Сирија.