Вооружен обид за грабеж на бензинска пумпа

На 02.10.2016 година во времето од 03,43 часот до 03,45 часот на бензинската пумпа на “Макпетрол“ за време на смената на вработените Д.Б. (37) и Р.Ѓ.(56), тројцата пријавени откако претходно се договориле да сторат кривично дело се маскирале и вооружале со нож, палка и пиштол, се упатиле на градскиот плоштад каде дошол Д.Б. со патничко возило “BMW“ со кого биле договорени да ги чека со возилото, а предходно да го извиди теренот околу бензинската пумпа. Кога влегле во бензинската пумпа, А.И. физички го нападнал Д.Б. удирајќи го со палката по главата, барајќи му пари но откако не му ги дал, со И.З. почнале да го удираат, при што во тој момент излегол и Р.Ѓ. на кого А.И. му вперил пиштол. Одкако Р.Ѓ. му рекол дека и тој има пиштол, И.З, се исплашил и со трчање избегал при што, во внатрешноста на бензинската пумпа му паднал и ножот. Пријавените го напуштиле местото на настанот,а кратко време од страна на полициски службеници биле приведени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.