Вооружен разбојник ја ограбил бензиската на „Макпетрол“ во Козле

Маскиран разбојник, вооружен со пиштол ја ограбил бензиската станица на „Макпетрол“ во скопската населба Козле, околу полноќ, имформира полицијата.

Грабежот го пријавил вработен на бензиската станица.

С.К вработен на бензинска пумпа „Макпетрол“, лоцирана на улица „Козле“, пријавил дека непознато лице со качулка на главата и со закана со пиштол извршил разбојништво при што биле одземени парите од дневниот промет. По разбојништвото сторителот го напуштил местото на настанот.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопштува МВР.