среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 18

Вооружена драма во Гостивар: Повреден вработен на бензинска станица

Вработениот се спротивставил и не дозволил да му ја одземат торбата во која чувал пари.

pistol ubistvo

Последни вести

Три маскирани и вооружени лица се обиделе да извршат разбојништво во бензинска станица на „Макпетрол“ во Гостивар. Во намерата ги спречил вработен, кој по пресметката која настанала поминал со полесни повреди на главата. Два часа подоцна полицијата привела три лица кои се сомничат дека се поврзани со настанот.

 

Од СВР Тетово информираат дека утрово околу 4 часот на бензинската станица на Макпетрол на улицата „Илинденска“ влегле три маскирани лица и со закана со нож и пиштол од вработениот побарале да им ги предаде парите од прометот.

 

Вработениот се спротивставил и не дозволил да му ја одземат торбата во која чувал пари.

 

Набрзо дошол и другиот вработен по што настанала мешаница и пресметка со натрапниците. Едниот вработен бил повреден, а трите лица побегнале и исчезнале во непознат правец.

 

По пријавувањето на настанот, два часа подоцна, полицијата привела двајца гостиварци на возраст од 20 и 21 година и еден дваесет и две годишен тетовец.

 

Во возилото со кое се превезувале, пронајдени се повеќе предмети меѓу кои нож и гасен пиштол за кои се претпоставува дека се користени при обидот за разбојништво.

 

Лицата за задржани на разговор во полициска станица Гостивар.

Најчитани вести