Вооружена престрелка во Тетово

Вооружена престрелка и тепачка во која учествувале пет лица се случила синоќа, десет минути по полноќ, во тетовската населба Дреновец, соопшти полицијата.

Во пресметката, освен огнено било користено и ладно оружје.

Трите лица Е.О.(22), С.О.(22) и Р.О.(53) од село Доброште здобиле тешки телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница Тетово, додека Л.И.(24) и К.В.(21) од Тетово, исто така со повреди, биле пренесени во Ургентниот Центар во Скопје.

Е.О. во престрелката здобил прострелна рана во пределот на десната надколеница, С.О. во пределот на левата надколеница, а Р.О. убодна рана во пределот на средишниот дел од кичмата. Л.И. има убодна рана во пределот на вратот, додека К.В. поминал со гребнатина на долните екстремитети.

Увидна екипа од СВР – Тетово работи на целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.