петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 19

Вооружената група во Ереван повторно зеде заложници

ереван

Последни вести

Вооружената група, која на 17 јули зазеде полициска станица во Ереван, денеска киднапира четири медицински лица.

– Инцидентот се случи откако тие повикале брза помош, изјави полицискиот полковник Ашот Агаронјан, пренесува МИА.

По синоќешната престрелка во полициската станица, кога двајца од напаѓачите се однесени во болница, а други двајца се предадоа, во објектот останаа уште двајца повредени. Безбедносните сили им понудија медицинска помош, но тие одбија. Подоцна, сами побара лекар, но по пристигнувањето на итната помош тие го киднапираа медицинскиот персонал.

Во моментот полицијата се обидува да ги ослободи двајцата лекари, едниот хирург и медицинската сестра.

Напаѓачите бараат ослободување од затвор на лидерот на радикалната опозиција Жираир Сефалјан, оставка од ерменскиот претседател Серж Саркисјан и формирање нова влада.

Најчитани вести