Вооружени напаѓачи од скутер повредија четири лица во Шведска

Вооружени напаѓачи, кои биле на скутери отвориле оган кон автомобилот, кој го бркале во јужниот дел на Малме.

Полицијата нагласи дека напаѓачите со скутерот побегнале од местото на инцидентот.

Сите четири повредени лица се префрлени во болница со рани од огнено оружје, наведува полицијата и додава дека случајот го истражува како обид за убиство.