Вооружен грабеж на бензиска во Кисела Вода

На улицата Христо Татарчев, на бензинската станица „Макпетрол“ утрово околу 4 часот и 40 минути две непознати лица маскирани со фантомки и вооружени со огнено оружје-пиштол, извршиле разбојништво врз вработените при што со закана со пиштолот им одзеле околу 10.000 денари, а потоа избегале од местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.