Вооружен маж пред Владата во Србија

На аголот на улицата Кнез Милош и Немања во Белград стои човек со пиштол вперен во воздух.

Полицијата се обидува да преговара со вооружениот маж, јавува РТС, а пренесува НетПрес.

На местото на настанот се наоѓаат полициските сили, Жандармеријата и Итна помош. Целосно е обезбедена и зградата на Владата на Србија.

Сеуште не е познато дали мажот има намера да изврши самоубиство или му се заканува на некој друг.

Возилата во тој дел на градот е не сообраќаат.