Вооружен напад во ресторан во Гетеборг, две лица починаа

Најмалку 15 лица се повредени, а две лица починаа во престрелка во ресторан во југозападниот шведски град Гетеборг доцна синоќа, соопшти полицијата.

Престрелката се случила во предградие на вториот по големина град во Шведска, каде се регистрирани случаи на насилство поврзано со криминални банди, истакна портпаролката на полицијата, додавајќи дека е рано да се прават претпоставки за мотивите.

– Апсолутно ништо не наведува на тероризам, истакна портпаролката на полицијата.

Според очевидци двајца мажи влегле во ресторанот и отвориле оган од автоматско оружје. Починатите лица се две момчиња на возраст околу 20 години.

фото: therepublic.com