Вооружени лица нападнаа хостел во луксузен кварт во Кабул

Група вооружени мажи вечерва нападнаа еден хостел во луксузен кварт во авганистанскиот главен град Кабул, каде често престојуваат странци, соопштија силите за безбедност.

Во нападот учествувале три или четири лица. Неколку очевидци изјавија дека слушнале истрели во околината на хостелот „Парк Палас“.

На местото на настанот пристигнале полицајци и припадници на специјалните сили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.