Македонија,Крими хроника

Вооружен грабеж на бензинска пумпа во Скопје

Вооружен грабеж на бензинска пумпа во Скопје

Две непознати маскирани лица од кои едното вооружено со пиштол денеска  во Скопје, на ул.„Антон Попов“ во населба Ченто, влегле во  бензиската пумпа на „Макпетрол“ цо намера присилно да го одземат прометот.

Едното лице го вперило пиштолот во вработената и побарало пари, а потоа ја прашале каде се другите вработени. Другиот вработен се појавил од позади рафтот, каде што претходно стоел и им ја фрлил ташната со парите од прометот, по што лицата го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.