Балкан

Воспитувачка казнета зашто не им дозволила на децата да јадат мувлосан леб!

Воспитувачка казнета зашто не им дозволила на децата да јадат мувлосан леб!

 

Воспитувачката Љиљана Јовановиќ од градинката „Невен“ , Чачак, е казнета затоа што на децата од две години не им дозволила да го изедат оброкот кој мирисал на мувла. Наместо да им го даде таквиот појадок, таа на децата им купила кифли. Поради тоа е казнета 20 отсто од плата, но и дисциплински поради повреди на работната должност.

Кога пред овој настан, имало попара за јадење, децата повраќале, па затоа Љиљана одбила да им даде кога стигнала попара следниот пат. Попарата била ретка и мирисала на мувла, тврдат вработените.

Истото утро воспитувачката за ова ги известила медицинската сестра, готвачката, нутриционистот, директорот  и правникот. Меѓутоа, попарата не била однесена на анализа, а воспитувачката добила казна, пренесува српски Блиц.

„Во централната кујна се подготвува храна за 700 деца. Од таа попара, појадувале уште 150 деца, а само Љиљана од сите нив, имала замерки за оброкот. И покрај тоа што на вработените им е забрането да им даваат било каква храна, затоа што оброците мора да бидат под контрола на заводот за јавно здравје, Љиљана купила три кифли и им ги поделила на децата. Така децата останале без појадок. Воспитувачите не треба да одлучуваат дали храната е во ред или не. Тоа е работа на нутриционистите. Против Љиљана Јовановиќ е спроведена дисциплинска постапка и казнета е за самоволност“, се вели во изјавата на директорката на градинката за српски Блиц.

Многу родители застанале на страната на Љиљана и пратиле отворено писмо за поддршка. Родителите навеле дека Љиљана Јовановиќ е стрплива, ведра, искрена, праведна, полна со разбирање и драгоцено искуство, како и тоа дека ја ужива нивната доверба.