Македонија

Воспоставен редовен железнички сообраќај

Воспоставен редовен железнички сообраќај

Во близина на Велес синоќа околу 22.30 часот меѓу железничките станици „Рајко Жинзифов“ и „Пчиња“ дојде до тешка железничка несреќа, при што животот го загубија 14 мигранти од Сомалија и Авганистан.

Дирекцијата за заштита и спасување има контактирано со сите надлежни служби, првенствено со службата за безбедност во железничкиот сообраќај од каде е добиена информација дека од 03:34 е воспоставен редовен железнички сообраќајот.

Од Дирекцијата за заштита и спасување не е побаран ангажман.