Воведувањето на Бадинтер во ДИК е опасен преседан пред федерализација

Зоран Заев и СДСМ во разговорите за изборниот законик, како трампа за поддршката дијаспората да не гласа, се испазариле со ДУИ и го поддржале нивниот предлог да се воведе Бадинтер во одлучувањето на ДИК. Тоа е крајно опасно барање, кое ќе доведе до блокирање на државата.

Имено, ДИК да одлучува не според докази и факти и законски рамки, туку според етнополитички односи и пазар направен меѓу партиите на етничките групи. Па така, судбината на изборите во големите градови и општини како Куманово, Струга, Кичево, Тетово, Гостивар, Петровец, Пласница ќе зависи од тоа како ќе се договорат меѓу себе албанските партии.

Воведувањето на бадинтер ќе биде опасен преседан кој ќе води кон барања за негово воведување и при одлучувањето на Владата, Уставниот суд, и други важни институции со што ќе се направи рекомпонирање на целиот уставен поредок и е чекор пред федерализација.

Деновиве додека Заев и СДСМ разговараат за најчуствителните барања, Љубомир Фрчковски, кадар на СДСМ, нивен кандидат за претседател но и поранешен министер во нивните влади изнесе повторно идеја за премиер Албанец.

Освен тоа во месец мај јавноста беше фрапирана од настапот на Заев за косовска телефизија каде изнесе барања за воведување на двојазичност и рекомпонирање на рамковниот договор. Тој изнесе ставови кои ја наметнуваат потребата за федерализација на Македонија и откажување од идентитетските прашања.

Заев во интервјуто говореше за некакво продлабочување на Охридскиот рамковен договор, а имајќи во предвид дека Охридскиот договор е исполнет во најголема мера, експертите сметаат дека се подразбира дека ова е всушност понуда за федерализација, затоа што повеќе од Охридскиот договор е само федерализација каде по етничка основа би се протежирало бинационална држава.

-Јас се плашам затоа што многу граѓани се уште зборуваат за Охридскиот Рамковен договор, ние мора да зборуваме за нашите заеднички проблеми, да одиме понатаму од Охридскиот договор, затоа што сега е време и сме подготвени да бидеме еднакви и да зборуваме за заеднички цели, затоа што тоа ќе се исполни како политичко барање на албанската заедница, вели Заев.

Во истото интервју на косовската телевизија Заев изнесе и тврдење дека мултикултурализмот треба да се внесе во преговорите за името и дека треба задолжително да се изучува албанскиот јазик уште од градинките.

-Зошто ќерка ми на пример да учи турски? Ќе учи албански? За да го користи, ние сме заедно во ова општество.  Вклучување во секојдневните активности, не само во јавната администрација. Сите мора да имаат еднакви и фер шанси во иднина. Нашите црвени линии се да не дозволиме да ни ги допрат нашите особености како нација, држава, заедно со нашата посебност во однос на културата, мултиетничките разлики, рече Заев.