Воз излетал од шини во Канада

Евакуација на жителите е наредена во канадската покраина Саскачеван бидејќи товарен воз илзетал од шини, се запалил и се ослободува џиновски облак токсичен чад.

Излетувањето се случило во близина на градот Ваден, јавува канадски Би-Би-Си по што е евакуирано населението во областа Клер.

За сега нема извештај дали има повредени во инцидентот на железницата, а официјалните лице не можеле веднаш да информираат за каков вид на товарен воз се работи и што тој превезувал.

Според очевидците, најмалку 12 вагони се лизнале од шините, а густиот облак од црниот чад достигнува и до 30 метри во висина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.