Воз повреди тројца во Кондово

Воз кој сообраќал на релација Скопје-Кичево попладнево предизвикал тешка сообраќајна несреќа.

На патниот премин преку железничкиот премин кај Кондово, возот удрил во автомобил марја „Шевролет Авео“ со скопски регистарски таблички.

Три лица кои се возеле во „Шевролетот“, се пожалиле на повреди.

Месното население кое било сведок на оваа сообраќајка, почнало да фрла камења и метални шипки кон возот.