Балкан

Воз прегази дванаесетгодишно девојче

Воз прегази дванаесетгодишно девојче

Дванаесетгодишно девојче чиј идентитет не е соопштен денеска беше прегазено од воз на пругата Белград – Бар.

Според сведочењето на очевидците, девојчето се движело по пругата, па ја удрил патнички воз. Во тек е увид на Криминалистичката полиција.

Ќе биде направена обдукција, а понатамошната истрага на правосудните органи ќе ги утврди околностите по кои дошло до несреќата.