Македонија,Крими хроника

Воз прегази маж кај Маџари

Воз прегази маж кај Маџари

Седумдесет и деветгодишен маж утринава бил прегазен од воз на излезот од Маџари.

Товарниот воз кој сообраќал на релација Табановце-Трубарево, удрил во мажот кој пасел добиток покрај пругата.

Седумдесет и девет годишниот маж починал на лице место, а неговата смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош.