Воз прегази маж кај Велес

Синоќа по полноќ  во Секторот за внатрешни работи Велес примена е пријава од вработен во Македонски железници дека товарниот воз кој сообраќал на релација Трубарево-Гевгелија, транзит за Солун, кај местото Згрополци, удрил во непознато лице кое се наоѓало на шините.

Од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес излезено е на лице место и извршен е увид.

На лице место пронајден е дел од телото, обувки, облека и траги од крв и ткиво.