Воз прегази момче кај фабриката „Тетекс“

Момче од Скопје, Гоце Г. (31), загина вчера во железничка несреќа која се случила околу 18 часот кај тетовската фабрика „Тетекс“.

Младиот скопјанец бил прегазен од патничкиот воз кој сообраќал на делницата Кичево-Скопје.

Неколку часа по несреќата, желзничкиот сообраќај на оваа пруга беше во прекин, а истражните власти започнаа истрага која ќе треба да открие дали момчето се сабмоубило. На местото на несреќата имаше разлетани лични предмети од загинатиот, кои беа собрани од истражителите, а како што рекоа тие ќе им бидат предадени на семесјтвото.