Воз прегази Сириец кај Неготино

На железничката пруга Неготино, поточно кај местото викано „Лагот“, вчера во 18:15 часот се случила железничка незгода во која брзиот воз бр.334, кој сообраќа на релација Гевгелија-Скопје, удрил во лицето Зијуат Ј.(56) од Сирија, кој починал на лице место.

Во моментот на незгодата биле присутни уште 6 лица сириски државјани, кои по наредба на јавен обвинител ќе бидат однесени во Прифатен Центар Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од полициската станица во Неготино.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.