Македонија,Крими хроника

Воз удри автомобил, загина тетовец

Воз удри автомобил, загина тетовец

Едно лице загина во железничка несреќа што се случи денеска откако во неговиот автомобил удри воз кој сообраќал на релација Кичево – Скопје.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски изјави дека 55-годишниот Ф.З. од тетовското село Горно Седларце поради здобиените тешки повреди починал на самото место на несреќата.

Сообраќајката се случила денеска околу 14 часот на железничкиот премин кај Горно Седларце.

Се очекува увид да изврши јавен обвинител и екипа на СВР Тетово за да се утврдат причините за несреќата.