Воз удри мигрант во Велес

Рано утрово во 6 часот се случи железничка сообраќајна несреќа пред Велес.

Имено, товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Табановце удри и усмрти маж.

Најверојатно станува збор за мигрант кој се движел по пругата.

Увидот на местото на несреќата е во тек.