Воз удри во автомобил, нема повредени

Страшна железничка несреќа се случи вчера во 13.45 часот , во селото Дељадровци.

Шинско возило во сопственост на „Македонски железници“, кое одело на делот од пругата  помеѓу железничка станица Куманово кон железничка станица Миладиновци, на обележан железнички премин со звучна и светлосна сигнализација  во селото Дељадровци,  удрило во возило „форд фокус“  со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.О.

Железничкиот сообраќај бил во прекин до 17 часот.

Извршен е увид, а повредени лица за среќа нема.