Македонија,Крими хроника

Воз удрил во „југо“ кај Драчево

Воз удрил во „југо“ кај Драчево

Воз удрил во автомобил „југо“ во близина на патниот премин меѓу населбите Драчево и Јане Сандански, при што повредени се двајца браќа на возраст од 23 и 28 години.

По судирот повредените биле пренесени во Ургентниот центар каде им е укажана лекарска помош, но повредите со кои се здобиле не се од сериозен карактер.

Возот сообраќал на релација Скопје-Гевгелија.