Воз усмрти браќа кај Велес

Двајца браќа на возраст од 22 и 23 година се усмртени синоќа околу 1 часот по полноќ од товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Табановце.

Несреќата се случила на железничкиот мост на реката Тополка во Велес, кога возот удрил во две лица кои се движеле по пругата, при што на лице место истите починале.

Од полицијата информираат дека се работи за двајца браќа сиријски државјани.

Увид на лице место изврши Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.