Воз усмрти маж кај Миравци

Возрасен маж го загуби животот во петокот околу пладнето откако воз удрил во него на пругата кај железничка станица Миравци, поточно на влезниот сигнал на железничка станица Миравци

Трагедијата се случила во момент кога товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Табановце удрил во 64-годишниот С.Г. од селото Миравци. Од здобиените повреди при ударот, мажот починал на местото на настанот.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија, информираат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 15,30 часот, по што бил нормализиран. Се работи на целосно расчистување на случајот