Македонија

Возачот кој ја усмрти новинарката кај Зебра бил под дејство на алкохол и марихуана

Возачот кој ја усмрти новинарката кај Зебра бил под дејство на алкохол и марихуана

Триесет и седум годишниот скопјанец, кој вечерта на 7 јули со возило „опел” удри во пешак во близина на трговскиот центар „Зебра“ бил под дејство на алкохол и марихуана.

Надлежен јавен обвинител изврши увид на лице место по случената сообраќајна несреќа, во која животот го загуби новинарката на Македонското радио Сузана Тодоровска Павлоска. Издадени се наредби за вештачења, подигнати се траги од местото на настанот. Обвинителот нареди и вршење на обдукција над починатото лице.

-Според првичните сознанија добиени од анализата на крвта и урината од возачот на автомобилот, констатирано е дека истиот бил под дејство на алкохол. Имено, во крвта се пронајдени 1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна супстанца што ја содржи растението канабис, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Надлежниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка. Против осомничениот кој во моментов е на болничко лекување, ќе бидат преземени натамошни активности во насока на обезбедување на докази и расветлување на настанот.​