Возач прегазил тројца малолетни пешаци во Кочани

Дваесет и четиригодишен возач од селото Оризари прегазил тројца пешаци вчерапопладне на улица во Кочани, соопшти полицијата.

Според информацијата на МВР, вчера во околу 17 часот,  М.С. управувајќи патничко возило „Форд Фокус“, со кочански регистерски таблици на улицата „Теодосија Паунов“, удрил во тројца пешаци, од кои двајца на возраст од 16 и еден на возраст од 17 години.

Во незгодата пешакот на возраст од 17 години се здобила со тешка телесна повреда. Таа по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа-Кочани била префрлена во Ургентниот Центар во Скопје. Другите двајца пешаци се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Кочани. Се работи на целосно расчистување на случајот, стои во полициската информација.