Возач смртно настрада во несреќа во битолско

Едно лице загина во сообраќајна нерсеќа којашто се случи во петокот вечерта во битолско, информираше инистерството за внатрешни работи

Вчера околу 22,30 часот на регионалниот пат село Горно Алгарци – Добромири, битолско, се случила сообраќајна незгода во која 43-годишниот Р.М. од селото Горно Агларци, управувајќи патничко возило „форд фокус“ со битолски регистарски ознаки, од засега непознати причини, излетал од патот.

Возачот на возилото Р.М. починал на местото на настанот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.