Возач спаси седуммина мигранти од камион-ладилник во Грција

Седум тинејџери од Авганистан денеска биле пронајдени во камион-ладилник што превезувал дињи за Италија.

Мигрантите, на возраст од 15 до 17 години, биле откриени близу грчкиот град Месолонги, кога возачот, инаку српски државјанин, забележал удари по ѕидовите во ладилникот и веднаш потоа ја повикал полицијата.

Според полициски извори, мигрантите биле внесени во камионот од страна на криумчари, додека возачот бил на пауза.

Над 50.000 мигранти и бегалци се заглавени во Грција по затворањето на балканската рута во март.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.