Возач влета во група луѓе во Лондон, пет лица се повредени

Најмалку пет лица се пренесени во болница денеска откако возач влета во група пешаци во југоисточен Лондон.

Лицето што управувало со автомобилот е уапсено, јави локалната полиција.

Лондонската брза помош соопшти дека лицата кои се пренесени во болница имаат повреди на главата, градниот кош и нозете.

Локалната полиција наведе дека нема знаци што покажуваат дека инцидентот има терористичка позадина.