Македонија,Крими хроника

Возач од Скопје возел со 3,5 промили алкохол во крвта

Возач од Скопје возел со 3,5 промили алкохол во крвта

Полицијата рано изутринава околу 4:30 часот на раскрсница од „Партизанска“ и „Рузвелтова“ фатила скопјанец кој возел со 3,5 промили во крвта.

Откако поминал на црвено на семафор, полицијата го запрела четириесетгодишниот Г.И. од Скопје кој управувал „голф“.

Тој почнал да ги навредува и омаловажува полицајците, по што бил приведен во полициската станица Центар.

По извршено алкотестирање кај Г.И. било утврдено присуство на 3,50 промили алкохол. По целосно расчистување ќе следи соодветна пријава.