Возач заспал зад воланот: Едно лице загина, а осум се повредени

Едно лице го загуби животот а осумина се повредени во сообраќајна несреќа која се случила во близина на Краљево.

До несреќата дошло синоќа околу полноќ кога комбе со германски регистерски таблички, управувано од 41-годишниот А.Т. во кое се наоѓале осум патници, излетало од патот, а се претпоставува дека возачот заспал и изгубил рамнотежа над возилото.

Четириесет и четири годишнот Х.С. загинал на лице место, додека возачот и останатите патници се здобиле со тешки телесни повреди и се префрлени во Здравствениот центар „Студеница“ во Краљево.

Меѓу патниците имало две постари малолетни деца и четири помали дечиња.