Возачот кој прегази дете се отрезнил, па се пријавил во полиција

Возачот за кого полицијата се сомнева дека синоќа во Петроварадин со автомобил го прегазил 14-годишното момче на пешачки премин, утрово сам се пријавил во полиција.

Момчето било повредено на пешачкиот премин кај основното училиште „Јован Дучиќ“ во Петроварадин, откако на него налетало сино возило марка Југо. Момчето, како што информираат од тамошната болница веднаш било пренесено со возило на Брзата помош и било задржано на одделението за детска хирургија за понатамошна дијагноза. Во несреќата детето се здобило со повреда на рамениците.

Инаку несреќата се случила вчера околу 20 часот, а очевидците раскажуваат дека момчето било на пешачкиот премин во моментот кога за него било зелено светло, но возачот на „југото“ не застанал и налетал на него преминувајќи на црвено.

По ова мажот на возраст од околу 45 години излегол од возилото и се тетеравел. Потоа се вратил во возилото и побегнал од местото на несреќата. Набрзо потоа пристигнало возилото на Брза помош кое го пренело момчето во болница.

Возачот за кого полицијата се сомнева дека со автомобил го прегазил 14-годишното момче на пешачкиот премин, утрово сам се пријавил во полиција.

Како што соопштуваат српските медиуми, во просториите на полициската станица тој бил подложен на алкотест и било потврдено дека има 0,15 промили алкохол во крвта.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело против безбедноста во сообраќајот и за не пружање на помош на повредени во сообраќајна несреќа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.