Возачот на автомобилот кој заврши во Дунав на психијатрија

Деветнаесетгодишниот Душан Јовановиќ, возачот на БМВ-то кое заврши во Дунав, несреќа во која загинаа тројца негови пријатели, вчера бил префрлен во Специјалната затворска болница во одделот за психијатрија.

Во неделата на Јовановиќ му беа одредени 30 дена притвор бидејќи возел пребрзо во алкохолизирана состојба, а се уште немал возачка дозвола.

– Од моментот кога ќе е во ќелија, Душан ментално е многу лошо. Многу тешко го поднесува тоа што по негова вина, три млади луѓе ги загубија своите животи. Буквално е ослабен, вика, плаче, и затоа е пренесен во болница. Прегледан е и одредена му е соодветна терапија – вели за „Блиц” извор од истрагата.