Возачот на БМВ-то може да добие 12 години затвор

За трагичната несреќа која се случи на 22 ноември минатата година, во која Душан Јовановиќ возејќи го автомобилот со повеќе од 110 километри на час летна во водите на Дунав и однесе во смрт тројца негови пријатели, судењето е во тек.

Душан успеа да се спаси заедно со Милица Јокиќ (18) и Лука Вишњиќ (18), син на познатата водителка Оља Бачковиќ.

Душан Јовановиќ (19), возачот на автомобилот БМВ во кој се давија Анастасија Стајиќ (16), Немања Антиќ (18) и Милош Јанковиќ (20) при слетување во Дунав кај Ада Хуја, е обвинет за смртта на тројца пријатели од Вишото јавно обвинителство во Белград.

Јовановиќ е обвинет за предизвикување на сериозна сообраќајна несреќа во која загинаа тројца млади луѓе.

– Јовановиќ го возел автомобилот со голема брзина, без дозвола, во состојба на опиеност, по што слетал во реката Дунав и три лица загинаа. Максималната можна казна за обвинетиот е 12 години затвор, изјавија од Вишото јавно обвинителство.