Возачот на камионот тврди дека не преминал во спротивната лента

Возачот Е.И. (57) кој е осомничен дека со камионот ја предизвикал несреќата и усмртил четири млади лица, тврди дека тој не ја предизвикал несреќата туку дека тоа го сторил возачот на автомобилот марка „клио“.

Турскиот државјанин пред обвинителот се држел до приказната која ја изнел и во полиција.

Тој тврди дека не заспал зад воланот и преминал во спротивната лента, туку дека тоа го направил возачот на „клиото“ со кое управувал настраданиот Кристијан Фазлија (20).

Потоа пред обвинителот навел, дека се обидел да ја избегне несреќата, така што преминал во спротивната лента.

По само неколку секунди „клиото“ се вратило во својата лента и со полна брзина удрило во неговиот камион. Тој категорично негирал дека заспал зад воланот и излетал пред „клиото“.

Со оглед на тоа дека тој е странски државјанин и дека е реална можноста за негово бегство судијата му одредил мерка притвор до 30 дена, а наскоро судот ќе ги сослуша семејствата на настраданите и сообраќајните вештаци.

Во несреќата покрај Фазлија, животот го загубија и неговата девојка Исидора Демири (22), Сеад Круези (20) и Даниел Доминковиќ (22). Петтата патничка во возилото Валентина Михаиловиќ (20) сеуште се бори за живот во Ургентниот центар.