Возачот кој ја прегази Фросина доби 6,5 години затворска казна

На затворска казна од 6,5 години е осуден 26 годишниот Љубиша Видојковиќ кој минатата година ја прегази Фросина Цековска од Крива Паланка на булеварот  „Партизански Одреди“.

Кај возачот беше утврдено присуство на 1,23 промили алкохол во крвта, а според наодите од вештачењето тој возел со брзина од 85 километри час.

Љубиша е осуден за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода. Дополнително Судот му изрече забрана на Видојковиќ да управува со моторно возило една година.