Возачот на автобусот виновен за несреќата во Турција

Возачот на автобусот полн со македонски патници е виновникот за сообраќајната несреќа кај Малкара, соопшти турската полиција. По извршениот увид на терен, стручните екипи утврдиле дека автобусот се движел со недозволена брзина во моментот на сударот. Турските медиуми објавија дека возачот на автобусот е 50-годишниот Зоран Момироски.

– Вината е во возачот на автобусот, возел многу брзо и ги прекршил сообраќајните правила, велат официјалните лица од турската жандармерија во Малкара.

За двајцата возачи, кои моментално се наоѓаат на распит во полицијата, е побарано притвор од локалното обвинителство.
Дваесет и едно повредено лице и понатаму остануваат хоспитализирани, додека останатите се пратени во Македонија.

– Дел од повредените ги испративме во Македонија, им обезбедивме возило за да се вратат во својата држава, соопштија од жандaрмеријата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.