Возачот на „ камионот на смртта “: Не знаев дека превезувам луѓе

Возачот на „ камионот на смртта “ во кој беа пронајдени безживотните тела на 71 мигрант, Цветан Цветанов пред Судот се изјаснил дека тој воопшто не знаел дека во херметички затвореното возило превезувал луѓе.

Тој на сослушувањето во бугарскиот суд негирал дека имал какви било сознанија за товарот кој го превезувал.

На Цветанов му е продолжен притворот, а уште пет мина мажи, четворица Бугари и Авганистанец, пртворени се во Унгарија во врска со овој случај.

На 27 август во камион-ладилник оставен на автопат во Австрија беа пронајдени телата на 71 мигрант. Меѓу жртвите имаше четири деца, а државното обвинителство на оваа земја треба да ги соопшти резултатите од обдукцијата на жртвите кои најверојатно починале од задушување.