Воздухот најзагаден во Центар и во Лисиче

Според податоците од 20 часот синоќа, загадувањето на воздухот со честичките ПМ 10 е на високо ниво во сите скопски населби. Десет пати поголемо загадување од дозволеното е забележано во Центар.

Најзагадена е скопската населба Лисиче. Таму загадувањето е за дури шеснаесет пати повеќе од дозволеното.

Освен во главниот град, големо загадување на воздухот забележано е и во Битола, Кавадарци, Кичево и Тетово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.