Воздухот најзагаден во Гази Баба и во Тетово

Зголемени концентрации на ПМ10 во воздухот утрово се регистрирани во Скопје, Тетово, Кавадарци, Велес, Битола и Кичево.

Највисоки концентрации од 400 микрограми на метар кубен се измерени во Гази Баба, 350 кај Ректорат, 300 во Тетово, меѓу 100 и 200 е во Центар, Миладиновци, Лисиче и Карпош, како и во Кавадарци.

На ниво од 60 до 80 микрограми е во Кочани, Кавадарци, Битола, Кичево и Велес.