Воздухот најзагаден во Гази Баба, Тетово и Карпош

Гази Баба, Тетово и Карпош утрово се најзагадени општини во Македонија. Концентрациите на ПМ10 честичките се над 100 микрограми на метар кубен. Повисоки концентрации од дозволеното има и во воздухот во Центар, Лисиче, кај Ректоратот, Битола и во Кичево.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат концентрација на ПМ 10 честичките во Гази Баба од 159 микрограми, во Тетово 112, во Карпош 103, во Битола 82, кај Ректорат 80, Лисиче 78 и Кичево 49.

На другите мерни станици утрово се измерени концентрации на ПМ10 честичките во рамки на дозволеното до 35 микрограми на метар кубен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.