Воздухот во Скопје е убиствен отров, загадувањето многу високо

Воздухот утринава во Скопје е многу загаден, најверојатно поради густтата магла. Во сите останати градови во Македонија нема загадување на воздухот.

Максималната граница, пропишана од Европската Унија за присуство на ПМ10 честички во воздухот е 50 микрограми во период од 24 часа.

Најголемо загадување, утринава, покажала мерната станица  кај Ректорат. Таму се измерени 395 микрограми ПМ10 честички на еден метар кубен.

Енормно големо загадување има и во населбата Карпош, каде се измерени 383 микрограми ПМ10 честички на еден метар кубен.

Според мерењата, воздухот има над нормално загадување од овој тип.

Препораките се граѓаните да избегнуваат подолги периоди на отворена површина. На мали деца, стари лица и бремени жени им се препорачува воопшто да не излегуваат без посебна потреба. Според сите мерни станици, во Скопје воздухот е многу загаден повеќе од седум дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.